Северна Кореја пријави уште 269 510 случаи со симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми
Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.
„Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни“,
рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја.
Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.
Северна Кореја пријави уште 269 510 случаи со симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми откако земјата го потврди првиот случај со ковид-19, соопшти државната агенција КЦНА, а пренесе Ројтерс.
Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот, 56 лица починале, а повеќе од 1,48 милион се разболеле поради брзото ширење на треската во земјата од крајот на април.