Според СЗО вакцина против ковид-19 може да се очекува во 2021 година, а до тогаш посочува дека важно е да се контролира растот на заболени
Новиот раст на бројот на нови заболени од коронавирусот регистриран од страна на некои европски земји во последните неколку недели е предизвикан од промените во мерките за социјално дистанцирање, изјави денеска портпаролката на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сара Тајлер.
Според неа, ризикот од повторна појава и ширење на болеста ќе продолжи и треба да биде „одржливо контролиран со ригорозна примена на јавноздраствените мерки, бидејќи вирусот циркулира меѓу и во рамките на земјите“, пренесе Тасс.
„Ние им препорачуваме на сите влади да продолжат со тестирања, следење, лекување и изолација, да го следат растот на нови случаи и доколку е потребно повторно да воведат построги мерки“,
рече Тајлер.
Во меѓувреме, од СЗО велат дека истражувачите напредуваат добро во развој на вакцините против ковид-19, со мал број на испитувања кои веќе се влезени во напредна фаза, но нивната прва употреба може да се очекува дури во почетокот на 2021 година, изјави извршниот директор за итни програми на Светската здравствена организација Мајк Рајан.
Рајан рече дека СЗО напорно работи за обезбедување фер дистрибуција на вакцината, но истакна дека во меѓувреме е клучно да се спречи ширењето на коронавирусот