Свети Николе побара и доби мобилен пункт за тестирање за ковид-19. Градоначалникот Сашо Велковски вели дека денеска ја добиле одлуката на Владата.
„Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес“,
вели градоначалникот.
Од кризниот штаб во саботата побараа пункт за жителите да може да се тестираат во градот, наместо да одат во Велес. Со ова, рекоа тогаш, ќе се намалат трошоците за превоз за лицата, но и ќе има намалување на транспорт од Здравствениот дом во Свети Николе.
Во овој град има 188 активни случаи на ковид-19.