Сунак потврдно одговори на прашањето дали може да соработува со кинескиот претседател. Тој нагласи дека Велика Британија ѝ пристапува на Кина многу слично како и кон другите британски сојузници, како што се САД, Австралија и Канада
Британскиот премиер Риши Сунак изрази надеж дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг на самитот на Г20 во Бали. Сунак истакна дека Велика Британија и Кина имаат некои заеднички предизвици, па затоа е важно да се воспостави соработка со кинескиот лидер, пренесува Скај њуз.
„Јасно ми е дека Кина претставува системски предизвик и за нашите вредности и за нашите интереси и претставува најголема единствена закана за нашата економска безбедност. И затоа е правилно да ги преземеме неопходните чекори за да се заштитиме од закана или предизвик“,
рече Сунак.
Сунак потврдно одговори на прашањето дали може да соработува со кинескиот претседател. Тој нагласи дека Велика Британија ѝ пристапува на Кина многу слично како и кон другите британски сојузници, како што се САД, Австралија и Канада.
„Мислам дека е непобитен факт за глобалната економија дека Кина е голем дел од неа. Ако сакаме да ги решиме големите глобални предизвици како што се јавното здравство, како што се Русија и Украина, да ја поправиме глобалната економија или климатските промени, важно е да имаме дијалог и соработка со Кина“,
заклучи британскиот премиер.
Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM