Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во „Службен весник“

Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Тие се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд. Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска – Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.
Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во Службен весник.
Известителот и претседателка на Комисијата, Павлина Црвенковска, рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска.
Членката на Советот, Весна Дамева побара изземање при изборот на кривичните судии во Врховниот суд, од причина што двајцата кандидати, Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска учествувале во предмет во којшто против правно лице, кое се јавува во својство на оштетено, нејзиниот сопруг е одговорно лице.
По однос на останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.
„Заради одредени околности кои што постојат, сметам дека денес не постојат услови за избор на граѓански судии. Дали во ваква ситуација денес може да се спроведе реален и објективен избор. Станува збор за унапредување на судии во највисокиот суд во државата. Јас нема да го дадам мојот глас во овој момент и во овие околности за ниту еден кандидат, бидејќи лично сметам, доколку се спроведе изборот, истиот нема да биде објективен“,
рече Дамева.
Претседателот на Судскиот совет, Камбовски го стави предлогот на Дамева за поништување на огласот за избор на тројца судии на Врховен суд во граѓанската област на гласање, по што двајца членови гласаа „за“, а 10 гласаа „против“. По ова, продолжи изборот на кандидатите.
Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар бидејќи кандидатите не добија Бадентер, поради, како што наведоа дел од членовите кои гласаа „против“, недостиг на интегритет и кредибилитет.