Оттаму потврдија дека детето во охридската болница било донесено денеска во 07.12 часот без знаци на живот
Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на детето од година и единаесет месеци, кое утрово починало во охридската болница, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Оттаму потврдија дека детето во охридската болница било донесено денеска во 07.12 часот без знаци на живот.
„На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина“,
информираа од Министерството.
Инаку, Детското одделение во болницата во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга.