Во образложението за пресудата, судот наведе дека нема доволно докази за да се утврди директна врска меѓу одлуките на двете компании и авионската несреќа, а оттука дека не може да ги прогласи за одговорни за најтешката авионска несреќа во Франција
Патничкиот авион А330 на „Ер Франс“ кој леташе од Рио де Жанеиро до Париз, исчезна во тропска бура во Атланскиот Океан на 1 јуни 2009 година, а во несреќата загинаа сите 228 лица во авионот
Судот во Париз пресуди дека авиопроизводителот „Ербас“ и авиокомпанијата „Ер Франс“ не се виновни за убиство од небрежност во несреќата на летот од Рио де Жанеиро до Париз пред речиси 14 години, кога загинаа 228 лица.
Пресудата следи по историското јавно судење за несреќата на летот АФ 447 која се случи на 1 јуни 2009 година.
Фото: Википедија
Во образложението за пресудата, судот во Париз наведе дека нема доволно докази за да се утврди директна врска меѓу одлуките на двете компании и авионската несреќа, а оттука дека не може да ги прогласи за одговорни за најтешката авионска несреќа во историјата на Франција.
„Евентуалната причинско-последична врска не е доволна, не може да се окарактеризира како правен прекршок“,
се вели во соопштението на судот.
Иако судот не утврди дека компаниите се кривично одговорни, сепак заклучи дека „Ербас“ и „Ер Франс“ се одговорни за отштета врз основа на граѓанското право и им наложи да платат отштета на семејствата на загинатите. Засега не е познато колкава сума ќе треба да платат компаниите.
Патничкиот авион А330 на „Ер Франс“ кој леташе од Рио де Жанеиро до Париз, исчезна во тропска бура во Атланскиот Океан на 1 јуни 2009 година, а несреќата никој не ја преживеа.
Црните кутии на авионот беа пронајдени речиси две години подоцна