Овој потег доаѓа откако Канбера на почетокот на оваа недела објави дека се откажува од големото купување француски конвенционални подморници во корист на нуклеарни подморници, изградени со американска технологија
Франција ги повлече на „консултации“ своите амбасадори во САД и во Австралија , како реакција на договорот за подморници, соопшти францускиот министер за надворешни работи, како што пренесува „Еуро њуз“.
„На барање на претседателот на Републиката, решив веднаш да ги повикам во Париз нашите двајца амбасадори во САД и во Австралија на консултации“,
рече министерот за надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан.
Овој потег доаѓа откако Канбера на почетокот на оваа недела објави дека се откажува од големото купување француски конвенционални подморници во корист на нуклеарни подморници, изградени со американска технологија.
„Оваа исклучителна одлука е оправдана со исклучителната сериозност на најавите од 15 септември од Австралија и САД“,
продолжи Ле Дриан.
Тој упати критики за неприфатливото однесување меѓу сојузниците и партнерите.
Вашингтон, Канбера и Лондон. во средата го објавија безбедносниот пакт.
Иако ниту една од трите влади не ја спомнува Кина, новото партнерство е широко разбрано како обид за спротиставување на наметливоста на Пекинг во регионот.
Австралискиот премиер Скот Морисон, британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден, во изјава, рекоа дека нивното партнерство е „водено од нашите трајни идеали и заедничка посветеност кон меѓународниот поредок базиран на правила“.