Сите редовни студенти на додипломски студии на државните факултети во главниот град, без разлика на возраста, имаат право да користат бесплатен градски превоз
Студентите што користат годишен билет за бесплатно возење со јавниот градски превоз во Скопје неопходно е да го заверат билетот за 2023 г. ако сакаат да се возат бесплатно и во текот на идната година, порачаа утрово од ЈСП.
„Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП ‘Скопје’, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид. На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година“,
објаснуваат од ЈСП.
Право да користат бесплатен градски превоз во Скопје имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните факултети во главниот град, без разлика на возраста.