Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени – 13 степени, а најтопло со – 4 степени во Дојран
Времето денеска е со студено утро, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.
Како што информираа од УХМР, во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.
Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени – 13 степени, а најтопло со – 4 степени во Дојран.
Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охрид и во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била пет сантиметри на Попова Шапка.