Во пријавата стои и изјавата на 25-годишната тетовка која потврдува дека се сретнале, но негира дека не пиеле кафе
Обвинителството ќе го расчистува случајот на 38-годишен стружанец кој вчера бил примен во Клиничкиот центар во Скопје, и кој тврди дека неговата поранешна сопруга му ставила наркотици во кафето.
Случајот е пријавен во полициската станица во Скопје, а во пријавата стои дека стружанецот тврди дека неговата 25-годишна поранешна сопруга му ставила нешто во кафето од што му се слошило и завршил во болница.
Според МВР, тој вчера во парк во Тетово бил на средба со бившата сопруга, по што му се слошило. Но жената, само потврдува дека се сретнале со него за да си го види детето, а негира дека не пиеле кафе.
Обвинителството треба да испита што се случило и поради што стружанецот завршил во болница.