Струшката полиција ја активира својата велосипедска патрола со која ќе се обиде да се справи со ситен криминал и непочитување на законите на територијата на оваа општина.
„Оваа патрола е нова и современа форма на полициско превентивно работење и градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните. Таа треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓаните. Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела“,
се вели во писменото соопштение од полицијата.
Според нив, велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ за полицијата во јавноста.