Подоцна, градоначалникот Костадин Костадинов објави дека струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со огнените стихии
Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, вчера морал да прими инфузија откако претходно во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во Струмичко.

Информацијата ја објави Противпожарната бригада Струмица.
„Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога пожарот ескалираше, вдишувајќи многу чад, мораше да прими инфузија“,
информираа од струмичката бригада.
Костадинов подоцна ја сподели фејсбук-објавата на струмичката противпожарна бригада и под неа напишa:
„Ви благодарам браќа на жртвата ваша за цела Струмица! Да бидеме сите во добро здравје.“
Дополнително, градоначалникот објави дека струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со огнените стихии.
Инаку, во текот на вчерашниот ден избувна пожар меѓу струмичките села Водоча и Вељуса.