Семејството на Кард изјави дека тој од неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето на тие места зборуваат за него
Пушката со која тој го извршил масовното убиство, како што се наведува, била легално купена. Во меѓувреме, училиштата во округот се затворени, како и сите општински згради во градот
Продолжува потрагата по напаѓачот што уби најмалку 18 лица во масовното пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн.

Според извештаите на американските медиуми, станува збор за најсмртоносното масовно пукање во Соединетите Американски Држави оваа година.
Гувернерката на Мејн, Џенет Милс, вчера на прес-конференција изјави дека осомничен за пукањето, во кое беа ранети и 13 луѓе, е лицето Роберт Кард.
По него трагаат стотици полицајци откако Кард пукаше во куглана и ресторан во Левистон во средата вечерта, а како што наведе Милс, тој се смета за вооружен и опасен.

Инаку, осомничениот за масакрот е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), а поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец.
Семејството на Кард изјави дека тој од неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето на тие места зборуваат за него.
Пушката со која тој го извршил масовното убиство, како што се наведува, била легално купена.
Во меѓувреме, училиштата во округот се затворени, како и сите општински згради во градот.
Левистон е вториот најнаселен град во американската сојузна држава Мејн, со повеќе од 38 000 жители. Тој е оддалечен приближно 58 километри од Портланд, најголемиот град во Мејн. Во сојузната држава има вкупно 24 града и повеќе од 1,3 милион жители. Левистон блиску до границата со Квебек во Канада и голем број негови жители се франкофони.

Повеќето смртни случаи поврзани со оружје во Мејн, како што наведува РСЕ, се самоубиства, а не убиства, покажуваат податоците на непрофитни организации.
Масовното пукање во Левистон е најсмртоносното во САД оваа година. Во САД, од 2014 година, во просек се забележани 39 000 смртни случаи од огнено оружје.
Иако постојат неколку дефиниции, онлајн Архивата за насилство со огнено оружје (GVA) опширно го дефинира масовното пукање, што значи четири или повеќе лица (не вклучувајќи го сторителот) застрелани приближно во исто време и на исто место, без оглед на смртните случаи или мотивите.
Според Скај њуз, листата на петте најсмртоносни масовни убиства кои оваа година се случиле во САД е следна:
- Левистон, Мејн – до 20 загинати, десетици повредени;
- Монтереј парк, Калифорнија (21 јануари) – 12 мртви, девет повредени;
- Ален, Тексас (6 мај) – девет мртви, седум повредени;
- Енох, Јута (4 јануари) – осум загинати членови на исто семејство;
- Хенриета, Оклахома (1 мај) – седум мртви
Бројките ја вклучуваат и смртта на сторителите доколку биле убиени на местото на настанот.
Архивата за насилство со огнено оружје онлајн архива на инциденти со вооружено насилство собрани од преку 7 500 полициски, медиумски, владини и комерцијални извори дневно, во обид во реално време да се обезбедат податоци за исходите случаи на вооружено насилство.
Станува збор за независна група за собирање податоци и истражување која не е поврзана со ниту една организација.