Учеството на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во полициска патрола на автобус на ЈСП следува откако тој минатата недела информира дека неколку дена континуирано се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП во кои се повредени ученици, деца жители на тој дел од Општина Гази Баба
Претходно денеска, беше одржана седница на Советот за превенција на општина Гази Баба на која, меѓу другото, беше донесена одлука полициската станица од општа надлежност Гази Баба во следниот период да обезбеди зголемено присуство на службеници на критичните автобуски постојки, внатре во автобусите но и во критичните населени места
Првиот човек на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево учествуваше на полициските патроли кои се воведени во автобусите на Јавното сообраќајно петпријатие Скопје по минатонеделните инциденти во автобусите на ЈСП во кои имало и повредени ученици.
За учеството во патролата, Стефковски информираше на својот фејсбук-профил при што информира дека за време на патролата се сретнал со средношколци, но и други граѓани со кои разговарал во однос на немилите настани кои се случуваа минатата недела.
„Мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!“,
вели Стефковски на фејсбук.
Тој посочи дека полициски патроли во автобусите ќе има се до целосно надминување на ваквите проблеми.
„Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат!“,
вели Стефковски, додавајќи дека системот целосно ќе функционира само тогаш кога секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности.
Ова следува откако градоначалникот на Гази Баба минатата недела информира дека неколку дена континуирано се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП во кои се повредени ученици, деца жители на тој дел од Општина Гази Баба.
Претходно денеска, беше одржана седница на Советот за превенција на општина Гази Баба по повод минатонеделните инциденти во автобусите на ЈСП на која, меѓу другото, беше донесена одлука полициската станица од општа надлежност Гази Баба во следниот период да обезбеди зголемено присуство на службеници на критичните автобуски постојки, внатре во автобусите но и во критичните населени места.
„Го свикав Советот за превенција на кој ги усвоивме следните заклучоци:
1. Советот за превенција на општина Гази Баба со загриженост ги прими информациите за инциденти во автобусите на ЈСП Скопје кои континуирано се случуваа во текот на минатата недела;
2. Полициската станица од општа надлежност Гази Баба презема обврска во следниот период да обезбеди зголемено присуство на униформирани службеници на критичните автобуски постојки, внатре во автобусите но и во критичните населени места;
3. Општина Гази Баба во насока на идна превенција презема обврска за организација на најразличен вид на настани со ученици од различни етнички заедници со цел поттикнување на соживот и другарување;
4. Општина Гази Баба презема обврска да достави барање до ЈСП Скопје во кое ќе се побара автобусите кои се обраќаат на тој дел од општината да имаат функционален мотиноринг видео систем, како и зајакнување на контролата на терен;
5. Општина Гази Баба презема обврска да достави писмо за информирање до секторот за образование на град Скопје за приклучување во активностите за надминување на настанатата ситуација, бидејќи учесниците во настаните се средношколци, како и се презема обврска за организирање на состанок со директорите на средните училишта на град Скопје.
6. Општина Гази Баба презема обврска за доставување на иницијатива до Министерот за Внатрешни работи за иницирање на постапка за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба;
7. Советот за превенција на општина Гази Баба презема обврска да работи во насока на надминување на ваквите случувања со цел истите во иднина да не се повторат.
се наведува во објава на фејсбук на градоначалникот Стефковски.