Додека пожарникарите се обидувале да го сопрат пожарот, се појавил оган недалеку од местото како подолга огнена линија што, според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, упатува дека пожарот е подметнат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информираше дека пожарот што попладнево избувна во Ресенско и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола.
„Во гаснењето беа ангажирани екипи на НП ‘Пелистер’, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола.
велат од ЦУК.
Дежурни екипи од НП ‘Пелистер’ остануваат на терен за целосно догаснување и спречување на евентуално повторно активирање на пожарот“,
За пожарот попладнево информираше Дирекцијата за заштита и спасување од каде соопштија дека избил голем пожар кај ресенското село Макази и се движи кон планината Пелистер.
Пожарот тргнал покрај неколку овоштарници со јаболка на најмалку две локации истовремено. Додека пожарникарите се обидувале да го сопрат, се појавил оган недалеку од местото како подолга огнена линија што, според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, упатува дека пожарот е подметнат.
