Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, упати и апел за итно елиминирање на непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат од 60 до 90 дена. Оттука, како што додаде Ангелоски, доаѓаат сите ценовни шокови и тука, како што рече, имаме апсолутно барање – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори
Сојузот на стопански комори (ССК) нема дилеми оти ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ кај прехранбените производи и горивата. Воедно, оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи
Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи, изјави денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, кој упати апел за зголемување на домашното производство на основните земјоделски култури и активирање на државните резерви со цел полесно пребродување на ценовните шокови
Воедно, апелираше и на итно елиминирање на непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат од 60 до 90 дена.
Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат – губат време за вадење дозволи и документи во општините и низ институциите.
„Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да“,
рече претседателот на ССК, Трајан Ангелоски.
Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, додаде, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.
Оттука, како што додаде Ангелоски, доаѓаат сите ценовни шокови и тука, како што рече, имаме апсолутно барање – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори.
„Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60-90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30-40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури“,
подвлече Ангелоски.
Тој укажа дека земјава годишно увезува енергенти во вредност преку една милијарда евра.
„Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете“,
додаде тој.
Најпаметно, посочи Ангелоски, е да се инвестира во во обновливи извори, а овој бран да се искористи во позитивен правец. Додаде дека има многу површини на кои може да се инсталираат уредите кои се достапни на пазарот, а како што рече, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, со што заклучи, бирократските процедури се навистина непотребни.
„Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови“,
потенцира претседателот на ССК.
Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви.
„Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостатоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се активираат резервите сега, во услови на ценовни шокови“,
истакна Ангелоски и додаде дека сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме.
Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво, додавајќи дека во февруари и март три групи на производи биле идентификувани како проблематични и тоа: металите, енергетните и прехранбените производи.
„Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санкции кои ги наметнува ЕУ. Не се знае во кој правец ќе одат цените следната зима“,
оцени претседателот на ССК.
Сојузот на стопански комори (ССК) нема дилеми оти ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ кај прехранбените производи и горивата. Воедно, оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи.