„Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (роден 2002 г.) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан“, се наведува во информацијата од српското МВР што ја пренесува РТС
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека 21-годишниот Урош Б. осомничен за масовното убиство кај Младеновац е уапсен по обемната потрагата на припадниците на Министерството.

Како што информираат од српското МВР, тој бил уапсен во населбата Грошница, во околината на Крагуевац.
„Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (роден 2002 г.) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан“,
се наведува во информацијата од српското МВР што ја пренесува РТС.

По осомничениот, кој пукајќи од автоматско оружје уби осум и рани повеќе од 10 лица, трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.
Напаѓачот Урош Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.
Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде што ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематичен кој бил од соседното село Долна Дубона.
Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.
- 600 специјалци трагаат по напаѓачот кој уби 8 и рани повеќе од 10 лица кај Младеновац – една од жртвите има 15 години
- (ВИДЕО) Ново пукање во Србија: Седум ранети, има и убиени
- Српски медиуми: Расте број на мртви – тројца убиени кај Младеновац, напаѓачот сè уште пука?
- Најмалку осум мртви кај Младеновац, напаѓачот сè уште во бегство – можно е да држи заложници?
- Српскиот министер за внатрешни работи: Ова е терористички акт