Од полицијата велат дека по документирање на настанот, против српскиот државјанин ќе следува соодветна пријава

Триесет и шестгодишен српски државјанин денеска е уапсен од битолската полиција откако бил затекнат како краде пари од црква.
„Од страна на полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода е Н. М. (36) од Република Србија. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата ‘Св. Недела’ во Битола, од каде одзел пари. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“,
се вели во извештајот од полицијата.
