„Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна на градниот кош нанесувајќи му убодна рана. Осомничениеот веднаш се дал во бегство трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект“, пишува во соопштението
Српски државјанин извршил насилство врз едно лице во угостителски објект на бензиска пумпа во Јосифово, Гевгелиско, соопштија денеска од Обвинителството посочувајќи дека ОЈО Гевгелија повело постапка против него како осомничен за кривично дело насилство.
„Осомничениот на 31 март во раните утрински часови извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензиска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на другата маса седел осомниченито со уште едно лице. Двајцата под дејство на алкохол почнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат веднаш штом станале агресивни“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека двете лица револтирани што биле избркани излегле од објектот и се упатиле до нивниот камион, по што, како што велат од Обвинителството, осомничениот се вратил назад пред влезот на објектот каде што се наоѓал оштетениот, кој во моментот зборувал на телефон.
„Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна од градниот кош нанесувајќи му убодна рана. Осомничениеот веднаш се дал во бегство трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект“,
пишува во соопштението.
Од Обвинителството велат дека осомничениот со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв кај другите гости.
Од Обвинителството информираат дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство од страна на осмничениот српски државјанин, па затоа јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.