На работната средба помеѓу министерката за одбрана Славјанка Петровска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, главен фокус на разговорите биле воспоставување на национална структура поврзана со НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации, наречен ДИАНА
Од министерството за одбрана велат дека НАТО акцелераторот ќе допринесе за одбранбени иновации до повисок технолошки развој на Северна Македонија
„ДИАНА всушност претставува акцелератор за воведување на нови и напредни технологии на полињата, каде што се детектирани предизвици, а крајната цел е Алијансата и земјите членки да бидат технолошки напредни и да имаат високо ниво на технолошки развој за да можат да ги пресретнат сите нови безбедносни предизвици“
се вели во соопштението на Министерството за одбрана
На работната средба на која бил презентиран Предлог-концептот за формирање на национална структура во оваа област, министерката Петровска посочила дека Алијансата отсекогаш била посветена на развојот на новите и најнапредни технологии и оти Северна Македонија преку оваа значајна иницијатива ќе има можност да организира и развива научно – истражувачка работа од која корист ќе има и државата и сите останати сојузници.

Министерството, кое согласно законските надлежности е и носител на активностите, го изработило предлог-концептот, а и до крајот на годинава ќе назначи свој член во Одборот на директори на акцелераторот за одбранбени иновации ДИАНА.