Претседателот на македонскиот парламент престојува во посетана Тирана, а вчера беше и во општината Лежа, каде што беше прогласен за почесен граѓанин
Претседателот на Собранието Талат Џафери, во рамки на неговата посета на Албанија, оствари работна средба со својата колешка Линдита Никола.
Како што се наведува во сопштението од кабинетот на Џафери, неспорен факт е дека С Македонија и Албанија се две земји со искрени, интензивни и пријателски односи, без отворени прашања помеѓу себе.
„Фактот што сме две соседни земји кои се на истото патешествие на процесот на евроинтеграции, меѓутоа и на истото очекување на почетокот на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, што ќе го одбележи и формалниот почеток на преговорите за полноправно членство во европското семејство, е уште еден мотив и силен поттик за динамизирање и зајакнување на уште потесна соработка помеѓу нас“
се вели во сопштението.

Тие констатирале дека имаме многу што да научиме едни од други и многу што да споделуваме како искуство едни со други, како земји и како институции.
„Спектарот на соработка е широк, почнувајќи од оној меѓупарламентарниот, на ниво на претседатели, на работни тела и на пратенички групи за соработка, меѓутоа, и на владино ниво, културно, образовно, здравствено и она најатрактивното за граѓаните на двете земји, односно, туристичката соработка. Се разбира, доброто инфраструктурно поврзување е императив за забрзан напредок на оваа соработка, а силните национални врски се секако најдобриот мост за олеснување на оваа соработка“
се наведува во сопштението.
Ова е втора билатерална средба на двајцата претседатели, по средбата во Атина.