Во текот на разговорот беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.
Во официјалното соопштение на МНР се вели дека на средбата соговорниците го потврдиле заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации. Наведено е и дека бил истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог.
„Во текот на разговорот беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот“,
се вели во соопштението од МНР.