Отворањето на Поглавјето 23, во рамки на прегворите на Северна Македонија со ЕУ, беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
На средбата, Маричиќ потенцирал дека неговата главна мисија во Министерството за правда е градење на независно и непристрасно правосудство.
Тој ја презентирал својата стратегија и агендата на Министерството за правда и потенцирал дека за сите реформи во областа правда ќе бара поддршка и соработка од Европската Унија.
Маричиќ, информираат од неговиот кабинет, истакнал дека очекувањата на јавноста за зајакнување на одговорноста и транспарентноста, како и за подинамично постапување на обвинителството и судството се приоритет, како и предизвик за исполнување на неговата агенда.
