Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.
Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Македонскиот олимпиец, борецот во текводно Дејан Георгиевски го освои сребреното одличје во категоријата над 80 килограми откако во финаланата борба не успеа да го совлада противникот од Русија, Владислав Ларин.
Георгиевски го донесе досега најблескавиот трофеј за Северна Македонија на Олимписките игри од независноста на државата. Нашата земја освојува медал на Олимпијадите по пауза од 21 година. Последниот олимпиец со медал беше Могамед Ибрагимов. Тој на летните олимписки игри во Сиднеј во 2000 го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми.