Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој втор ден е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, денеска оствари средба со претседателот на земјата, шеикот Мухамед бин Зајед. На средбата, во фокусот на разговорите биле економската, енергетската и воената соработка помеѓу двете земји.
Вучиќ изјави дека министерот за финансии Синиша Мали потпишал важен договор, според кој, Србија ќе добиет една милијарда долари под неверојатни услови.
„Овој договор е практично подарок за нас“,
рече Вучиќ.
Тој воедно истакна дека ОАЕ и Србија се пријателски земји со огромна взаемна почит и дека секогаш кога е тешко, Србија може да се потпре на ОАЕ.
„Претседателот на ОАЕ е еден од најмоќните луѓе во светот. Не е дека има некаков голем интерес во Србија, но ја почитува нашата земја, како резултат на неговата правичност и независност во одлучувањето. Кога и да е тешко, можеме да се потпреме на ОАЕ. Сега кога имаме корона, некако сме навикнати да живееме со таа, но во 2014 г. кога почнавме со мерки за фискална консолидација и Србија беше во тешка финансиска состојба, шеикот Мухамед ни помогна. Така е и денес“,
изјави Вучиќ.