Училиштата во Србија ќе можат да бираат меѓу неколку модели за настава од 1 септември, во зависност од просторниот и наставниот капацитет, соопшти денеска министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Еден од моделите е часовите за учениците од 1 до 4-то одделение да се одвиваат во училиштата, каде сите ќ бидат со заштитни мерки, а одделенијата ќе имаат најмногу до 15 ученици. Часовите ќе траат 30 минути, и тоа по четири часа дневно, со одмор меѓу часовите. По секој блок на часови, училниците мора да се дезинфицираат, според препораките подготвени од епидемиолозите,.
За петтите, шестите, седмите и осмите одделенија ќе се применува комбиниран модел – еден ден да се оди на училиште, следниот ден наставата да се следи преку Интернет, со по пет и шест часа дневно.
Ако родителите имаат одредени стравувања своите деца да ги пуштат да одат на училиште, ако имале некој кој бил сериозно болен или починал, тогаш родителот може да одлучи детето наставата да ја следи целосно преку Интернет.
Нема да има кабинетска настава и физичко воспитување, а хорските проби ќе бидат со маски.
За средните училишта се разгледуваат неколку модели, а основниот модел е да работат неделно и тие самите да ги распределат во групи учениците во зависност од програмата, дали станува збор за гимназии или за стручни училишта.
Онлајн наставата од петто до осмо одделение ќе биде претпладне, а за средните училишта попладне, а сите содржини ќе бидат достапни на RTS Planetа, и ќе им биде достапен и скратен час кој родителите со децата ќе можат одложено да го погледнат.
Одлуката за факултетите ќе биде донесена следната недела.
Пред да одат на училиште, родителите треба да му измерат температурата на детето, и да не ги испраќаат децата на училиште кои имаат симптоми.
Кога детето ќе дојде на училиште, тој веднаш мора да стави маска и постојано да ја носи, но додека се слуша наставата на часот тоа нема да биде задолжително.