Српското МНР истакнува дека во целост го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и единство на НР Кина и Тајван е составел дел од тоа
Српското министерство за надворешни работи, по повод претседателските избори во Тајван, соопшти дека ја поддржува политиката „една Кина“ и не ја поддржува независноста на Тајван, а владата во Пекинг смета дека е единствената легитимна влада на кинескиот народ.
„По повод изборите одржани во Тајван, ја користиме оваа прилика да истакнеме дека Србија, во согласност со нашата конзистентна политика и почитување на меѓународното право…ја поддржуваме политиката „една Кина“ и не ја признаваме државноста на Тајван, додека централната влада во Пекинг сметаме дека е единствената легитимна влада на кинескиот народ“,
се вели во соопштението на српското МНР.
Меѓу другото се истакнува дека во целост го почитуваат територијалниот интегритет, суверенитет и единство на НР Кина и Тајван е составел дел.
„Од особена значајност за Србија се извонредните политички односи и соработка со НР Кина, кои се темелат на стратешко партнерство и челично пријателство помеѓу двата народа“,
се вели во соопштението на српското МНР.
Реакции по изборите следеа од повеќе држави, меѓу кои и светските сили Кина, САД и Русија.