Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека САД се посветени на мирот и безбедноста во регионот
Претседателот на САД, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Америка не ја поддржува независноста на Тајван, по изборите на кои тајванските гласачи ѝ дадоа трет претседателски мандат на владејачката партија на островот.
Американскиот државен секретар, пак, додаде дека САД се посветени на мирот и безбедноста во регионот.
„Не ја поддржуваме независноста“,
рече Бајден.

Ентони Блинкен дополни дека САД се залага за мирно решавање на разликите.
„САД се посветени на зачувување на мирот и стабилноста на двете страни на Тајванскиот теснец и на мирно решавање на разликите“,
изјави американскиот државен секретар Блинкен.
Неколку часа пред отворањето на избирачките места, Вашингтон предупреди „дека би било неприфатливо“ за која било земја да се меша во изборите.
Претседателскиот кандидат на тајванската владејачка Демократска напредна партија (ДПП) и потпретседател на Тајван, Лаи Чинг-те победи на претседателските избори, и покрај повиците од Кина да не биде избран и вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг и ќе бара преговори.