Во соопштението по повод Денот на украинската државност, што се слави на 28 јули, амбасадата наведува дека Украина во 1999 година „гласно го повика светот“ да престане со бомбардирањето на СР Југославиј преку соопштение на веб-страницата на Парламентот
Амбасадата на Украина во Белград соопшти дека Украинците би сакале на веб-страницата на Собранието на Србија да видат повик до Русија да ја прекине агресијата врз таа земја, сличен на оној што го објави Парламентот во Киев за време на бомбардирањето на СР Југославија.
Во соопштението по повод Денот на украинската државност, што се слави на 28 јули, амбасадата наведува дека Украина во 1999 година „гласно го повика светот“ да престане со бомбардирањето на СР Југославиј преку соопштение на веб-страницата на Парламентот, Врховната Рада.
„Обраќањето на Врховната Рада на Украина по тој повод беше објавено на веб-страницата на нашиот Парламент. Дали Украинците би сакале да видат слично обраќање за поддршка на Украина на веб-страницата на Парламентот на Србија? Да. А, дали навистина ќе го видат е прашање на нашите српски партнери“,
соопштија од украинската амбасада.
Амбасадата наведува и дека оваа година Денот на украинската државност за последен пат ќе се слави на 28 јули, а од следната година ќе биде на 15 јули, поради преминот на сметање на времето на Православната црква на Украина и Украинската грчко-католичка црква на новојулијанскиот календар.