Вакцината против ковид-19 „Спутник В“ е апсолутно безбедна и ефикасна и со право станува светски бестселер, рече рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин по пристигнувањето на првата пратка со 3 000 вакцини во земјава.
Тој рече дека во тек е постапка во Европската агенција за лекови која ги испитува податоците за делотворноста на вакцината, а СЗО го разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи на листата на лекови одобрени од СЗО за вонредни ситуации.
„Со Република Северна Македонија, вакцината е регистрирана во 46 земји во светот, вклучувајќи и неколку држави во ЕУ. Сега е во тек во забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашите лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО да се користат во вонредни ситуации… Ја искористувам можноста да им посакам на сите добро здравје, а на храбрите лекари брза победа во борбата против пандемијата во која сигурен сум дека руската вакцина ќе биде вредно оружје“,
рече Баздникин.
Баздникин рече дека нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник В“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром.Ќе чека друга пратка наменета за амбасадата.