Битолскиот конгрес, пред точно 114 години, беше собирот кој го донесе најценетиот продукт за еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме нашиот јазик, култура, обичаи, посебности и фолклорни традиции, нагласи Џафери
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати честитка по повод Денот на албанската азбука посакувајќи „напредок на Албанците каде и да се“.
„Дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, со особена радост да Ви упатам срдечни честитки по повод еден од најзначајните албански празници, 22 Ноември – Денот на Азбуката, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се. Битолскиот конгрес, пред точно 114 години, беше собирот кој го донесе најценетиот продукт за еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме нашиот јазик, култура, обичаи, посебности и фолклорни традиции и уште поважно, азбуката со која се роди и го започна својот пат националната борба за културно осамостојување на светско ниво и силна поддршка на националниот идентитет и политичкото осамостојување на албанскиот народ. Посакувам празникот да го поминете во свечена атмосфера, со убави мисли и дела, како што и доликува на овој ден“,
напиша Џафери во честитката.