Кандидатот за нов германски канцелар Олаф Шолц очекува коалицијата „Семафор“ да се формира најдоцна до Божиќ
Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесува АФП.
Кандидатот за канцелар Олаф Шолц (СПД) очекува коалицијата „Семафор“ да се формира најдоцна до Божиќ.
„Работевме интензивно оваа недела, разговаравме едни со други. Се договоривме за документ што може да биде основа за преговори. Затоа, се препорачуваат преговори за коалиција. Сакаме да направиме напредок“,
рече Шолц.
Денеска лидерите на трите партии првпат се појавија пред новинарите со резултатите од разговорите за формирање влада.
Трите партии од понеделникот водат разговори за можностите за формирање на таканаречена коалиција „Семафор“.
„На Германија ѝ е потребна стабилна и сигурна влада која ќе им пристапува на предизвиците на нашата земја. Разговорите покажаа дека можеме да успееме во тоа”,
стои во нацртот на заедничкиот документ што го пренесоа германските медиуми.