Младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне, соопшти премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на Телевизија 24.
Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски.
Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.
Владата ги донела овие одлуки на вечерашната седница и ќе траат од 24 март.
Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.
Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.
Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.
.