Премиерот на техничката влада Оливер Спасовски вели дека еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји најавил дека Европската комисија ќе излезе со нова предлог-методологија за пристапните преговори до крајот на месецов. Спасовски ова го изјави на заедничката прес-конференција со комесарот Вархеји во Скопје.
Новата методологија е барање пред сè на Франција за да се согласи со почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и со продолжување на процесот на проширување на ЕУ.
На ниво на ЕУ постојат дилеми дали новата методологија треба да биде документ на Европската комисија или на предлог на Европската комисија ќе треба да го потврдат земјите членки на ЕУ.
поврзана вест *(ВИДЕО) Пендаровски му кажал на Вархели дека ја очекува новата методологија за преговори со ЕУ до март
поврзана вест *(ВИДЕО) План на ЕК за С. Македонија: Нацрт-методологија во јануари, мини-извештај во февруари, одлука за преговори во март