Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека државата е кредибилен фактор во борбата против трговија со наркотици. Според него, МВР бескомпромисно работи кон искоренување на ова појава.
„Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022“.
напиша Спасовски.
Спасовски додаде дека има зголемување за 6,52% на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022.