Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски апелира на одговорно однесување и мирни протести без насилство, откако вчера беа приведени повеќе лица за време на протестите пред Собранието.
„Доколку сакате да го изразите своето демократско право на јавен собир (протест) апелирам истото да го сторите на достоинствен и мирен протест. Притоа, полициските службеници ќе бидат на должност исклучиво за обезбедување на граѓаните и на виталните државни објекти, а со цел избегнување на немили настани“
повика Спасовски преку Фејсбук.
Вчера МВР соопшти дека десет лица се приведени поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка.