Премиерот Оливер Спасовски денеска најави дека во Владата се подготвува план за олеснување на мерките кои се воведени за спречување на ширењето нан коронавирусот.
Тоа може да се очекува по првомајските празници.
„Веќе треба да размислуваме, се подготвува сериозен план по првомајските празици врз основа на сите анализи, како и на кој начин да ги олеснуваме некои од мерките за враќање на животот во нормала. Тоа не значи дека целосно ќе се нормализира животот, но дека ќе се намалуваат одредени рестриктивни мерки, ќе се воведуваат одредни насоки како да се однесуваме во наредниот период. Тој план значи сите да се прилагодиме на состојбата во која се наоѓаме и полека и сигурно и со доза на констатација дека сите мерки даваат резултати, да продолжиме со животот“,
рече премиерот Спасовски на видеосесијата денеска посветена на состојбата со коронавирусот во земјава, на која учествуваат и вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.