Премиерот Оливер Спасовски на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев му порача дека проблемот со пасошите треба сам да си го реши. Спасовски, кој на премиерското столче седна од позиција министер за внатрешни работи, изјави дека за време на неговото министерување немало никакви проблеми со изработката на патните исправи.
„За функционирањето внатре во Министерството е надлежен министерот и има начини како да се утврди одговорност. Јас, додека бев министер, немаше проблем во издавањето на пасошите и другите лични документи. Ако Чулев има решение, нека го соопшти. Јас да бев на тоа место, ќе ви одговорев, но сега има друг министер кој треба да ви одговори“,
вели Спасовски.
Спасовски вели дека Чулев е тој што треба да ја утврди одговорноста и дека тој треба да ѝ објасни на јавноста за новонастанатата криза. Меѓутоа, техничкиот премиер појасни дека и во Владата веќе размислуваат како и на кој начин да помогнат да се најде конечно решение на овој проблем.
„Мислам дека со подобро менаџирање, функционирање внатре во организацијата, немаше да дојде до ваква криза. Во моментов такви се овластувањата на МВР и не може да се каже дека нема политичка волја за решавање на проблемот. Еден и пол месец функционира оваа влада, а информацијата е од пред една недела“,
изјави Спасовски.
*Поврзани вести:
Нема аплицирање за пасоши сè додека не пристигне новата нарачка на обрасци
Чулев: Во моментов има околу 4 900 обрасци за пасоши, новата пратка од „Веридос“ на 24 март