Техничкиот премиер Оливер Спасовски порача дека Собранието не треба да се распушти пред да се донесат закажаните закони.
„Гласањето за распуштање на Собранието е јасен став на Социјалдемократскиот сојуз. Сите законски за кои сме договорени и кои се важни за иднината на оваа држава мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието и потоа да го распуштиме“,
изјави Спасовски.
Ваквата негова изјава доаѓа по вчерашните турбуленции во законодавниот дом каде што спикерот Талат Џафери ја презакажа седницата за законите за јавно обвинителство откако претходно генералниот секретар на СДСМ испрати пораки дека постојат реални шанси да се формира ново парламентарно мнозинство и да се одржат редовни избори кон крајот на годинава.
Поврзана вест: Расправата за законот за ЈО денеска на седница, Џафери повика на лидерска за изборите