Остануваме посветени на интензивирање на меѓународната соработка, објави Спасовски по посетата на седиштето во Хаг
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети седиштето на Европол во Хаг.
Како што објави Спасовски на својот фејсбук-профил, договорено е да се интензивираат соработката и поддршката на МВР во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период.
„Со извршната директорката на Европол, Катрин де Бол, заеднички договоривме да ја интензивираме соработката и поддршката на МВР во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период. Остануваме посветени на интензивирање на меѓународната соработка“,
објави Спасовски по, како што вели, првата посета на министер за внатрешни на оваа институција.






