Коментирајќи го метежот што се создава на пунктовите на МВР за фотографирање и издавање на документите, министерот вели дека и покрај крајниот рок за менување на документите со новото уставно име документите ќе се издаваат и по 12 февруари
Откако народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) во неделата изјави дека Министерството за внатрешни работи се соочува со недостиг на обрасци за пасоши и за другите документи, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, денеска вели дека има доволно обрасци за документите.
„Има обрасци. Една нова количина ќе стигне в понеделник, по една недела ќе стигне и втората количина, така што обрасци во овој дел има и не треба воопшто да се грижиме дали ќе продолжи целиот процес“,
изјави министерот Спасовски одговарајќи на новинарски прашања.
Коментирајќи го метежот што се создава на пунктовите на МВР за фотографирање и издавање на документите, Спасовски вели дека и покрај крајниот рок за менување на документите со новото уставно име, кој е до 12 февруари, документите ќе се издаваат и по овој датум.
„Во 2021 година имаме изработено само 120 000 документи, а тоа говори дека сме си ги оставиле обврските за подоцна или да чекаме до последен ден. Ако погледнеме територијално, внатрешноста на државата, си ги има завршено работите скоро сто проценти. Тоа се случува за жал во Скопје, меѓутоа и тука имаме сериозен напредок, самата бројка на издадени над 1,25 милион патни исправи и над 1,1 милион лични карти и околу 550 000 возачки дозволи говори дека процесот се доведува до крај. И најважно од сè е дека на 12 февруари не престанува издавањето документи, тие ќе можат и понатаму да се издаваат“,
вели Спасовски.
Согласно Преспанскиот договор со Грција, 12 февруари 2024 година е крајниот рок до кога сите лични документи и патни исправи на граѓаните од земјава треба да бидат заменети со новото уставно име на државата.
Личните карти со старото уставно име на земјава, чиј рок не е истечен, ќе бидат важечки и по 12 февруари годинава, додека.