Двесте излекувани наши граѓани од ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со спречувањето на ширењето на коронавирусот, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук коментирајќи ги последните статистики во однос на справувањето со епидемијата.
„Регистриравме и ден со поголем број излекувани од новозаразени. Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија“,
вели Спасовски.
Премиерот во објавата апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржат од групирања. Така, како што посочува, се создаваат услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.