И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
„Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, повикувам на свесност и одговорност во постапките. Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега – моментум кога демократските процеси мора да течат непречено“,
напиша Спасовски.
Спасовски потенцира дека македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните но истовремено на безбедноста на институциите и граѓаните.