Со 53 гласа „за“ и 26 „воздржани“, пратениците вчеравечер ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести
Претседателот на државата Стево Пендаровски за денеска во вилата „Водно“ закажа седница на Националниот совет за безбедност посветена на актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 во земјава.
На седницата, како што е најавено вчера, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.
Оваа е деветта седница на Советот. Тема ќе биде актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава и мерките и активностите на надлежните институции.
Со 53 гласа „за“ и 26 „воздржани“, пратениците вчера вечер ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот, чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, беше донесен по скратена постапка.
Новите мерки следуваат откако состојбата последниве денови се влошува со нагло зголемување и на бројот на новозаразени и на починати.
Вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени за 24 часа.