Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи.
„Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки,“
се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.
Назифи, беше амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, а важеше и за искусен дипломат кој претходно беше и амбасадор на земјава во Швајцарија во мандат од 2009 до 2013 година.