Потоа следува СДСМ со 12 советници, ДУИ која во градското собрание ќе има пет советнички места, додека Левица четири, двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и по двајца советници на Алијанса/ Алтернатива и ЛДП/ДОМ
Според конечните резултати на Државната изборна комисија, најмногу советници во Град Скопје ќе има ВМРО – ДПМНЕ, 18 советнички места.
Потоа следува СДСМ со 12 советници, ДУИ која во градското собрание ќе има пет советнички места, додека Левица четири.
Во Советот на Скопје влегуваат и двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и двајца советници на Алијанса/ Алтернатива.

Две советнички места освои и коалицијата ЛДП/ДОМ. Советот брои 45 советници, и според овие податоци, никој нема да има мнозинство, за што се потребни 23 советнички места.