Во случајот со бегството на Никола Груевски се уште недостигаат одговори на многу клучни прашања. Тоа е причината што опозицијата во Унгарија се обидува да ги искористи сите механизми што ги има на располагање за да ја натера владата на Виктор Орбан да каже нешто повеќе од досегашните штури соопштенија и изјави.
Сепак, главниот наратив што го форсира партијата на Орбан, Фидес, е дека му помагаат на човек што е гонет од левичарска влада поддржана од Џорџ Сорос, или поедноставено, човек што е под закана на Сорос, кој пак од унгарската власт и провладините медиуми се прикажува како архи-непријател на Орбан.
Извештај од Будимпешта на Александар Димитриевски.
Напишете коментар