Болдвин досега изјавуваше дека му било кажано оти станува збор за „ладно“ оружје“ односно дека во пиштолот немало вистински куршум, како и дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот

Сопругот на убиената Халина Хачинс, директорка на фотографија на филот „Rust“, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и „други лица одговорни за безбедноста за време на снимањето“ за убиство од небрежност.
Тужбата, Метју Хачинс ја поднел во негово и во име на деветгодишниот син што го има со Халина.
Халина беше убиена за време на снимањето кое се одвиваше во округот Санта Фе во Ново Мексико. За време на сетот Болдвин ја застрела, по што таа им подлегна на повредите, а ранет беше и режисерот Џоел Соуза.
Локалните власти сè уште го истражуваат фаталниот инцидент, а досега не е покренато никакво обвинение. Актерот Болдвин рече дека му било кажано оти станува збор за „ладно“ оружје“ односно дека во пиштолот немало вистински куршум, како и дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот.