Возачот на едниот автомобил, неговата сопатничка и еден малолетник по несреќата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што на 66-годишната жена ѝ се констатирани тешки телесни повреди

Едно лице има тешки телесни повреди кои ги добило во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на паркинг-просторот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а други две лица имаат полесни повреди.
Сообраќајната несреќа, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „форд фокус“ со прилепски регистарски таблички.
По несреќата, како што информираат од МВР, возачот на „фолксваген голф“, 41-годишниот А.А. и неговите сопатници, 66-годишната Ќ.А. и еден малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. На Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.